Политика за реализација и откажување

1. Дневни Тури

  • До 30 дена- 100% рефундација или презакажување
  • До 15 дена- 80% рефундација или презакажување
  • До 5 дена- 50% рефундација или презакажување
  • До 3 дена- 20% рефундација или презакажување
  • Од 2 па се до непојавување на закажана резервација – нема рефундација и нема презакажување

ПРЕЗАКАЖУВАЊЕТО СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ТЕКОВНАТА СЕЗОНА

2. Кампинг Тури

  • До 60 дена – 100% рефундација или презакажување
  • До 30 дена- 50% рефундација или презакажување
  • До 15 дена- 30% рефундација или презакажување
  • До 5 дена- 20% рефундација или презакажување
  • Од 5 дена до 2 дена- нема рефундација, само презакажување
  • Од 2 па се до непојавување на закажана резервација – нема рефундација и нема презакажување

ПРЕЗАКАЖУВАЊЕТО СЕ ОДНЕСУВА НА ТЕКОВНАТА И СЛЕДНАТА СЕЗОНА

3. Одмори со јавање на коњ

  • До 60 дена- 100% рефундација или презакажување
  • До 30 дена- 50% рефундација или презакажување
  • До 15 дена- 30% рефундација или презакажување
  • До 5 дена- 20% рефундација или презакажување
  • Од 5 дена до 2 дена – нема рефундација, само презакажување
  • Од 2 па се до непојавување на закажана резервација – нема рефундација и нема презакажување

ПРЕЗАКАЖУВАЊЕТО СЕ ОДНЕСУВА НА ТЕКОВНАТА И СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Политика на реализација на услугите согласно прифатената Понуда

Ви гарантираме реализација на услугите во целост согласно условите наведени во Понудите/пакетите. Резервација и плаќање се прави до пополнување на местата согласно нашите капацитети, со уплата на цената назначена за секоја Понуда посебно. Доколку Вие писмено не сте договориле одредени услуги, со дополнителни карактеристики и квалитет, нема основ за поднесување приговор, рекламации или за поднесување барање за намалување на цената на услугите. Ние сме должни да Ви ги овозможиме сите услови наведени во Понудата која сте ја прифатиле. Не сносиме одговорност за: промени и неизвршување на некои од условите наведени во прифатената Понуда предизвикани од дејство на виша сила, за доцнење на превозните средства, за губење на Вашите личните документи или ствари и сл.

Го задржуваме правото на промена на цената на услугите без претходна најава на корисниците, во согласност со нашата деловна политика. Доколку нарачката е прифатена, купувачот прифаќа да ја плати цената која е понудена во моментот на процесирање на нарачката, независно од тоа што цената може да биде променета во меѓувреме.