Патот до Галичник е еден и за жал нема скратен пат по кој можете да пристигнете кај нас.
Почитувани, доколку доаѓате од Охрид, многу е важно да се истакне дека патот по кој треба да возите е Охрид – Кичево – Маврово – Галичник. Тоа е најбрзиот и најдобриот пат.
Кога ќе влезете во националниот парк „Маврово“, ќе возите до Маврови Анови, потоа продолжувате право и НАЈВАЖНО од се’ е да се исклучите на браната – лево, односно да преминете преку браната. Пред браната има знак, кој укажува дека за Галичник мора да се исклучите лево, но тој не е многу впечатлив. Доколку не го сторите тоа, се упатувате кон Дебар и за ЖАЛ, не постои скратен пат за да дојдете кај нас. Ќе мора повторно да одите до браната и да се исклучите на патот кон Галичник. (Тоа одзема доста време, а не секогаш можеме да ги почекаме гостите, бидејќи распоредот на поаѓање е временски ограничен.)
Многу често, како олеснување може да Ви користи доколку Ви напоменеме дека после Маврови Анови, почитувани посетители, треба да се упатите кон ски – центарот Маврово. Многу од Вас го знаат тој пат.
Откако ќе ја преминете браната, патот е еден и не постојат шанси да згрешите. Поминувате низ викенд – населбата Маврово и по приближно 5 километри доаѓате до исклучувањето за Галичник. На ова место постои огромен знак, на кој пишува дека за да одите кон Галичник, треба да свртите десно. Од ова исклучување до нашиот ранч има приближно 17 километри (временски околу 20 минути). Возете по патот, се’ додека не Ви се појави ранчот од десната страна. На самиот влез има знак SHERPA HORSE RIDING.
Важно: Без разлика дали се работи за домашни клиенти или за странци, мораме да напоменеме дека постои една ГОЛЕМА СТАПИЦА. Доколку возите со навигација, има една GPS точка ставена во село Селце, која вели дека тоа е најкраткиот пат до Галичник и многумина од Вас веројатно ќе тргнат по тој пат. Тоа е огромен проблем, бидејќи вистина е дека оттаму теоретски може да се стаса до Галичник, но патот е каллив и не е соодветен за обични моторни возила или градски џипови. Таму можат да поминат само големи теренски возила.
Затоа, на сите Вас почитувани клиенти што доаѓате од Охрид, со особена важност Ви напомнуваме да го одбегнувате тој пат.
Од Охрид до Галичник, возењето трае приближно 2 часа и 30 минути.
Доколку доаѓате од Струга, Дебар, хотел „Туто“ (с. Јанче), Ви напомнуваме дека треба да возите кон Маврово и да се исклучите десно на браната, кон ски – центарот Маврово. Почитувани, исто така Ви напомнуваме дека НЕ ТРЕБА да возите преку село Селце, бидејќи сигурно ќе заглавите и нема да можете на време да стасате на нашиот ранч.
Од хотел „Туто“ до нашиот ранч возењето трае приближно 1 час.
Ако доаѓате од Скопје или од било кој друг град од Источна Македонија, ќе морате да возите по автопатот Тетово – Гостивар и да се упатите кон ски –центарот Маврово.
Кога ќе влезете во националниот парк „Маврово“, ќе возите до Маврови Анови, потоа продолжувате право и НАЈВАЖНО од се’ е да се исклучите на браната – лево, односно да преминете преку браната. Пред браната има знак, кој укажува дека за Галичник мора да се исклучите лево, но тој не е многу впечатлив. Доколку не го сторите тоа, се упатувате кон Дебар и за ЖАЛ, не постои скратен пат за да дојдете кај нас. Ќе мора повторно да одите до браната и да се исклучите на патот кон Галичник. (Тоа одзема доста време, а не секогаш можеме да ги почекаме гостите, бидејќи распоредот на поаѓање е временски ограничен.)
Многу често, како олеснување може да Ви користи доколку Ви напоменеме дека после Маврови Анови, почитувани посетители, треба да се упатите кон ски – центарот Маврово. Многу од Вас го знаат тој пат.
Откако ќе ја преминете браната, патот е еден и не постојат шанси да згрешите. Поминувате низ викенд – населбата Маврово и по приближно 5 километри доаѓате до исклучувањето за Галичник. На ова место постои огромен знак, на кој пишува дека за да одите кон Галичник, треба да свртите десно. Од ова исклучување до нашиот ранч има приближно 17 километри (временски околу 20 минути). Возете по патот, се’ додека не Ви се појави ранчот од десната страна. На самиот влез има знак SHERPA HORSE RIDING.
Од Скопје до нашиот ранч, возењето трае приближно 1 час и 45 минути.