Преглед
Преглед
- Цена по лице: 2.000 денари
- Времетраење: 1 ден
- Време на јавање: 4 часа (19 km total)
- Ниво на вештина: Погодно за почетници
- Водич на Македонски јазик
Вклучува
- 4 часа јавање
- 30 мин обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)
За Турата
Турата претставува планинско јавање кое ќе ве однесе низ зелените овоштарници и разгранетите лозја, патека која ве води до прекрасниот врв Клепа со неверојатен поглед кон Тиквешките лозја.
Секој чекор по оваа патека открива нов пејзаж, нудејќи ви шанса да застанете и да вдишете животот на природата која ве опкружува. Јавањето на коњ е прилагодено за сите нивоа на искуство, овозможувајќи ви да уживате во спокојот и убавината на патувањето без оглед на вашите вештини.
Локација: Турата започнува од ранчот на Шерпа, линк до локација: Sherpa Horse Ranch.
Агенда на планирани активности:
- 10:00: пристигнување на ранчот Шерпа (чекирање и добивање заштитна опрема)
- 10:30: 30-минутен безбедносен брифинг и тренинг сесија за почетници, Започнуваме со основно воведување во јавањето, каде што ќе Ве запознаеме со техниките и основите за безбедно управување со коњ. Нашата цел е да се осигураме дека секој учесник се чувствува удобно и подготвено за патувањето.
- 11:00: Групата тргнува кон врвот Клепа, јавајќи по една од најживописните патеки во регионот. Патеката е долга 19 км и е дизајнирана така што е прилагодлива и за почетници, обезбедувајќи приближно 4 часа јавање низ природата
- 3:00: Пристигнување на ранчот.