Преглед

Преглед

  • Цена по лице: 2.000 денари
  • Времетраење: 1 ден
  • Време на јавање: 4 часа (19 km total)
  • Ниво на вештина: Погодно за почетници
  • Водич на Македонски јазик

Вклучува

  • 4 часа јавање
  • 30 мин обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)

За Турата

Турата претставува планинско јавање кое ќе ве однесе низ зелените овоштарници и разгранетите лозја, патека која ве води до прекрасниот врв Клепа со неверојатен поглед кон Тиквешките лозја.

Секој чекор по оваа патека открива нов пејзаж, нудејќи ви шанса да застанете и да вдишете животот на природата која ве опкружува. Јавањето на коњ е прилагодено за сите нивоа на искуство, овозможувајќи ви да уживате во спокојот и убавината на патувањето без оглед на вашите вештини.

Локација: Турата започнува од ранчот на Шерпа, линк до локација: Sherpa Horse Ranch.

 

Агенда на планирани активности:

  • 10:00: пристигнување на ранчот Шерпа (чекирање и добивање заштитна опрема)
  • 10:30: 30-минутен безбедносен брифинг и тренинг сесија за почетници, Започнуваме со основно воведување во јавањето, каде што ќе Ве запознаеме со техниките и основите за безбедно управување со коњ. Нашата цел е да се осигураме дека секој учесник се чувствува удобно и подготвено за патувањето.
  • 11:00: Групата тргнува кон врвот Клепа, јавајќи по една од најживописните патеки во регионот. Патеката е долга 19 км и е дизајнирана така што е прилагодлива и за почетници, обезбедувајќи приближно 4 часа јавање низ природата
  • 3:00: Пристигнување на ранчот.

Галерија