Преглед
РУЧЕК ПОНУДА
Предлог за ручек е јагне подготвено на традиционален начин на ранчот. Оваа понуда е достапна само со резервација.
ПИЈАЛОК
Неограничени количини (ракија, квалитетни домашни бели и црвени вина, пиво и останати пијалаци)
ЗАБЕЛЕШКА
Сите производи (кашкавал, сирење и месо) се свежи и произведени на ранчот од коњичкиот клуб (здрава и природна Био храна која денес е тешко да се најде).
ПОТРЕБНА ОПРЕМА
- Удобни чевли
- Соодветна облека за сурови временски услови
- Крема за сончање
ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА
- Целосно водење и организација од јавачкиот тим на Шерпа.
- 5 работилници + активности со натпреварувачки дух (обука за јавање и јавање, подготовка на коњот за јавање, молзење кози и произведување кашкавал и сирење од козјо млеко, посета на музеј во Галичник, возење велосипед)
- Влезница за национален парк Маврово
- Пијалоци на ранчот (Сите видови на пијалоци, алкохолни и освежителни)
- Шлем за јавање
ПАКЕТОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Превоз и осигурување
- Сите приватни трошоци кои не се споменати во „Вклучено во цената”
Забелешки
За овие јавачки тури, обавезвно СПАКУВАЈТЕ СОООДВЕТНА ОБЛЕКА, како и опрема за заштита од сонце и ветер.
Добредојдени се и оние кои не јаваат (основна обука пред јавање)
Ќе јаваме Балкански планински коњи: скротени селски коњи, мали, но особено силни и безбедни за планински терени.
Организираме патувања за сите нивоа на јавачи (од почетници до напредни јавачи)
Не двоумете се да поставите какво било прашање. Инструкторите за јавање се добро обучени и имаат големо искуство, па може слободно да се консултирате за сè.
Овие активности се одлични за групни и семејни патувања, но и одличен начин за стекнување нови пријателства со луѓе кои имаат авантуристички дух и љубов кон природата.
Имајте предвид дека РАНЧОТ ШЕРПА е оддалечен 1км од селото Галичник во рамките на Националниот парк Маврово. Тоа е ненаселена област и нема редовен превоз до местото.
За Турата
Распоред
- 9:30 часот Пристигнување, пијалок за добредојде, поделба по групи
- 10:00 Започнување со работилници/активности
- 14:00 Ручек
Активности
На ранчот нудиме различни активности како што се:
- Јавање коњи со претходна обука
- Седлање и зауздување на коњи
- Молзење кози
- Подготовка на козјо сирење и кашкавал
- Посета на локалниот музеј во Галичник
- Активности со натпреварувачки дух (Табла со шајки: кој тим најбрзо кова; Tрки со вреќи над 25 метри; влечење со јаже, сечење дрва со пила)
- Ручек (Предјадење, главно јадење, десерт)
Доколку бројот на учесници е поголем од 10, ќе ги поделиме во помали групи. Следствено на тоа, додека еден тим јава, друг го посетува музејот, а третата група молзе кози и прави сирење и кашкавал се додека сите групи не поминат низ сите активности.
Во случај да има поголем број, дестинацијата може да се посети 5-6 пати во текот на денот, така што постои можност да се направат тури и до 50 луѓе.