Преглед
Преглед
- Цена по лице: 3.400 ден
- Времетраење: 1 ден
- Време на јавање: 4,5 часа
- Ниво на вештина: погодно за почетници
- Водич на Македонски јазик
Вклучува:
- 4,5 часа јавање
- 1 час обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)
- Опрема за јавање (шлем)
- Пикник ручек (традиционален локално сирење, домашна пита, свеж зеленчук и чашка домашна ракија)
- Презентација на стари фармерски техники
Ексклузивно планинско јавање со поаѓање од ранчот, каде нашиот водич ќе Ве води низ бескрајните пасишта на планината Бистра, па се до фармата со овци САЛТАНИЦА. На оваа тура ќе имате можност да го видите највисокиот врв Меденица (2.136 м) на планината Бистра и да ја почуствувате свежината на дивиот планински дух.
Со посета на фармата со овци САЛТАНИЦА, ќе го почуствувате одблизу овчарскиот живот и ќе ја имате можноста да се запознаете со секојдневните овчарски рутини кои ги вклучуваат процесите на производство на сирење, кашкавал и јогурт на традиционален галички начин. На крајот од турата ќе имате пикник ручек на ранчот Шерпа, каде ќе можете да го вкусите свежиот Галички кашкавал од фармата САЛТАНИЦА заедно со домашна пита, свеж зеленчук и чашка ракија. На здравје!!!
Локација: Турата започнува од ранчот на Шерпа, линк до локација: Sherpa Horse riding ranch
За Турата
Агенда на планирани активности:
- 9:00– пристигнување на ранчот Шерпа (чекирање и добивање заштитна опрема)
- 9:30–безбедносен брифинг и тренинг сесија за почетници, Започнуваме со основно воведување во јавањето, каде што ќе Ве запознаеме со техниките и основите за безбедно управување со коњ. Нашата цел е да се осигураме дека секој учесник се чувствува удобно и подготвено за патувањето.
- 10:30– Почеток на јавањето кон фармата САЛТАНИЦА
- 12:00– Пауза на фармата САЛТАНИЦА (презентација на старите овчарски техники и процесите за правење кашкавал, како и доближување до овчарскиот живот)
- 12:00–Почеток на јавањето назад кон ранчот Шерпа.
- 15.00– Пристигнување на ранчот (пикник ручек)