Преглед

Вклучува:

  • 4,5 часа јавање
  • 1 час Обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)
  • Опрема за јавање (шлем)
  • Пикник ручек (Традиционален локален овчи кашкавал, домашна пита, свеж зеленчук и чашка домашна ракија).
  • Презентација на стари фармерски техники
  • Водич на македонски јазик

Ексклузивно планинско јавање со поаѓање од ранчот, каде нашиот водич ќе Ве води низ бескрајните пасишта на планината Бистра, па се до фармата со овци САЛТАНИЦА. На оваа тура ќе имате можност да го посетите највисокиот врв Меденица (2.136 м) на планината Бистра и да ја почуствувате свежината на дивиот планински дух.

Со посета на фармата со овци САЛТАНИЦА, ќе го почуствувате одблизу овчарскиот живот и ќе ја имате можноста да се запознаете со секојдневните овчарски рутини кои ги вклучуваат процесите на производство на сирење, кашкавал и јогурт на традиционален галички начин. На крајот од турата ќе имате пикник ручек на ранчот Шерпа, каде ќе можете да го вкусите свежиот Галички кашкавал од фармата САЛТАНИЦА заедно со домашна пита, свеж зеленчук и чашка ракија. На здравје!!!

За Турата

АГЕНДА (1 термин на поаѓање дневно: од 9.00ч)

  • 9:00 – пристигнување на ранчот Шерпа (чекирање и добивање заштитна опрема)
  • 9:30 – Совети за безбедност и обука за јавање
  • 10:30 – Почеток на јавањето кон фармата САЛТАНИЦА
  • 12:00 – Пауза на фармата САЛТАНИЦА (презентација на старите овчарски техники и процесите за правење кашкавал, како и доближување до овчарскиот живот)
  • 12:15 – Почеток на јавањето назад кон ранчот Шерпа
  • 13:45 – Пристигнување на ранчот (пикник ручек)

Галерија