Преглед

Вклучува:

  • 3 часа јавање
  • 1 час обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)
  • Опрема за јавање (шлем)
  • Пикник ручек (Традиционален локален овчи кашкавал, домашна пита, свеж зеленчук и чашка домашна ракија).
  • Презентација на стари фармерски техники
  • Водич на македонски јазик

Турата претставува планинско јавање, кое ќе Ве однесе преку бескрајните пасишта на планината Бистра до традиционалната фарма со овци РУСИН. На оваа тура ќе ја имате можноста да го посетите највисокиот врв Меденица (2.136 м) на планината Бистра со неверојатен поглед кон најживописниот дел од масивот Стогово (2.218 м). Јавајќи низ бескрајните полиња и карпести патеки, ќе искусите нешто сосема ново и поразлично.

Со посетата на старата фарма со овци РУСИН, ќе го почуствувате одблизу овчарскиот живот и ќе ја имате можноста да се запознаете со секојдневните овчарски рутини како што се производство на сирење, кашкавал и јогурт на традиционален галички начин. На крајот од турата ќе имате пикник ручек на ранчот Шерпа, каде ќе можете да го вкусите свежиот Галички кашкавал од фармата Русин заедно со домашна пита, свеж зеленчук и чашка ракија. На здравје!

За Турата

АГЕНДА (2 термини на поаѓање дневно: од 9.00ч и 13.00ч)

  • 9:00/13:00 – пристигнување на ранчот Шерпа (чекирање и добивање заштитна опрема)
  • 9:30/13:30 – Совети за безбедност и обука за јавање
  • 10:30/14:30 – Почеток на јавањето кон фармата РУСИН
  • 12:00/16:00 – Пауза на фармата РУСИН (презентација на старите овчарски техники и процесите за правење кашкавал, како и доближување до овчарскиот живот)
  • 12:15/16:15 – Почеток на јавањето назад кон ранчот Шерпа
  • 13:45/17:45 – Пристигнување на ранчот (пикник ручек)

Галерија