Преглед

  • Цена по лице: 4.200 ден 
  • Времетраење: 1 ден 
  • Време на јавање: 5 часа  
  • Ниво на вештина: искусни јавачи 
  • Водич на Македонски јазик 

Вклучува:

  • 5 часа јавање 
  • 1 час обука за јавање (тренинг и совети за безбедност) 
  • Опрема за јавање (шлем) 
  • Пикник ручек (традиционален локален овчи кашкавал, домашна пита, свеж зеленчук и чашка домашна ракија) 
  • Презентација на стари фармерски техники 

Адреналинска тура која Ве носи низ највисоките врвови на планината Бистра, масивот Кораб (2,764 м) и уживање во прекрасните панорамски погледи на Мавровското езеро и одличниот планински хоризонт. 

Со посетата на фармите со овци, ова патување ќе ве одведе поблиску до овчарскиот живот и ќе Ви овозможи да се запознаете со овчарските секојдневни рутини и да вкусите традиционално кашшкавал, сирење и јогурт. 

Нашите водичи ќе Ве однесат до највиските врвови и потоа назад до Галичник и ранчот Шерпа. На крајот од турата ќе имате пикник ручек на ранчот Шерпа, каде ќе можете да го вкусите свежиот Галички кашкавал и сирење од локалните фарми заедно со домашна пита, свеж зеленчук и чашка ракија. 

Јавање што ја плени душата и сцени кои го одземаат здивот. 

Локација: Турата започнува од ранчот на Шерпа, линк до локација: Sherpa Horse riding ranch 

За Турата

Агенда на планирани активности:

  • 9:00– пристигнување на ранчот Шерпа (чекирање и добивање заштитна опрема) 
  • 9:30–безбедносен брифинг и тренинг сесија за почетници, Започнуваме со основно воведување во јавањето, каде што ќе Ве запознаеме со техниките и основите за безбедно управување со коњ. Нашата цел е да се осигураме дека секој учесник се чувствува удобно и подготвено за патувањето. 
  • 10:30 Почеток на јавањето кон фармата ЧАУШИЦА 
  • 12:00Пауза на фармата ЧАУШИЦА (презентација на старите овчарски техники и процесите за правење кашкавал, како и доближување до овчарскиот живот) 
  • 12:30Почеток на јавањето назад кон ранчот Шерпа. 
  • 16.00– Пристигнување на ранчот (пикник ручек) 

Галерија