Преглед
Вклучува:
- 5 часа јавање
- 1 час Обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)
- Опрема за јавање (шлем)
- Пикник ручек (Традиционален локален овчи кашкавал, домашна пита, свеж зеленчук и чашка домашна ракија).
- Презентација на стари фармерски техники
- Водич на македонски јазик
Адреналинска тура која Ве носи низ највисоките врвови на планината Бистра, масивот Кораб (2,764 м) и уживање во прекрасните панорамски погледи на Мавровското езеро и одличниот планински хоризонт.
Со посетата на фармите со овци, ова патување ќе ве одведе поблиску до овчарскиот живот и ќе Ви овозможи да се запознаете со овчарските секојдневни рутини и да вкусите традиционално кашшкавал, сирење и јогурт.
Нашите водичи ќе Ве однесат до највиските врвови и потоа назад до Галичник и ранчот Шерпа. На крајот од турата ќе имате пикник ручек на ранчот Шерпа, каде ќе можете да го вкусите свежиот Галички кашкавал и сирење од локалните фарми заедно со домашна пита, свеж зеленчук и чашка ракија.
Јавање што ја плени душата и сцени кои го одземаат здивот.
За Турата
АГЕНДА (1 термин на поаѓање дневно: од 9.00ч)
- 9:00 – пристигнување на ранчот Шерпа (чекирање и добивање заштитна опрема)
- 9:30 – Совети за безбедност и обука за јавање
- 10:30 – Почеток на јавањето кон фармата КАУШИКА
- 12:00 – Пауза на фармата КАУШИКА (презентација на старите овчарски техники и процесите за правење кашкавал и сирење, како и доближување до овчарскиот живот)
- 12:15 – Почеток на јавањето назад кон ранчот Шерпа
- 13:45 – Пристигнување на ранчот (пикник ручек)
Галерија





