Overview
- Цена по лице: 2.690 den
- Времетраење: 1 ден
- Време на јавање: 3 часа
- Ниво на вештина: Погодно за почетници
- Водич на Македонски јазик
Вклучува:
- 3 часа јавање
- 30 мин обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)
- Опрема за јавање (шлем)
- Пикник ручек (традиционално локално сирење, домашна пита, свеж зеленчук и чашка домашна ракија)
- Презентација на стари фармерски техники
Турата претставува планинско јавање, кое ќе Ве однесе преку бескрајните пасишта на планината Бистра до традиционалната фарма со овци РУСИН. На оваа тура ќе ја имате можноста да го видите највисокиот врв Меденица (2.136 м) на планината Бистра со неверојатен поглед кон најживописниот дел од масивот Стогово (2.218 м). Јавајќи низ бескрајните полиња и карпести патеки, ќе искусите нешто сосема ново и поразлично.
Со посетата на старата фарма со овци РУСИН, ќе го почуствувате одблизу овчарскиот живот и ќе ја имате можноста да се запознаете со секојдневните овчарски рутини како што се производство на сирење, кашкавал и јогурт на традиционален галички начин. На крајот од турата ќе имате пикник ручек на ранчот Шерпа, каде ќе можете да го вкусите свежиот Галички кашкавал од фармата Русин заедно со домашна пита, свеж зеленчук и чашка ракија. На здравје!
Локација: Турата започнува од ранчот на Шерпа, линк до локација: Sherpa Horse riding ranch
The Tour
Агенда на планирани активности: (2 термини на поаѓање дневно: од 9.00ч и 13.00ч)
- 9:00/13:00 – пристигнување на ранчот Шерпа (чекирање и добивање заштитна опрема)
- 9:30/13:30– безбедносен брифинг и тренинг сесија за почетници, Започнуваме со основно воведување во јавањето, каде што ќе Ве запознаеме со техниките и основите за безбедно управување со коњ. Нашата цел е да се осигураме дека секој учесник се чувствува удобно и подготвено за патувањето.
- 10:30/14:30– Почеток на јавањето кон фармата Русин
- 12:00/16:00– Пауза на фармата РУСИН (презентација на старите овчарски техники и процесите за правење кашкавал, како и доближување до овчарскиот живот)
- 12:30/16:30 –Почеток на јавањето назад кон ранчот Шерпа.
- 14.00/18.00– Пристигнување на ранчот (пикник ручек)